Поврзете се со нас

Репрезентација

ФФМ објави како навивачите ќе можат да си ги вратат паричните средства од билетите за Македонија-Косово

Објавено

на

Дуелот од полуфиналето на Лигата на нации меѓу Македонија и Косово ќе се игра без публика, но сите оние кои имаа купени влезници за средбата во Скопје ќе ги добијат назад паричните средства.

Имено денеска Фудбалската федерација на Македонија пренесе дека парите ќе можат да се вратат од 9 до 23 август преку преку МК Тикетс кој е официјален партнер на нашата куќа на фудбалот.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на ФФМ:

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите поддржувачи и навивачки на македонската репрезентација дека од петок, 09.10.2020 до 23.10.2020 преку МК Тикетс, официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети за натпреварите на нашите национални тимови, ќе се врши враќање на паричните средства за билетите купени за откажаниот натпревар меѓу Македонија и Косово кој првично требаше да се одигра на 23. март 2020.

Парите од купените билети ќе се враќаат на следниот начин:

Документ за идентификација и оргиналниот веќе купен билет, на следните продажни места:

Скопје:

– Билетара на градскиот стадион во Скопје во период од 9.10. до 23.10.

– Прилеп – ТА Бран –  9.10. до 23.10.

– Штип, кафе „Симбол“ –  9.10. до 23.10.

Струмица:

– Кафе бар „Концепт“  9.10. до 23.10.

 Неготино:

– Тобако Корзо

Велес:

– Унисон  9.10. до 23.10.

Охрид:

– ТА Глобус Травел  9.10. до 23.10.

Сите кои не се во можност или имаат проблем слободно да  искомуницираат на [email protected]

Натпреварот меѓу Македонија и Косово на 08. октомври ќе се одигра без присуство на публика како една од мерките и препораките на македонските здравствени власти за заштита од пандемијата Ковид-19.

УЕФА во текот на изминатата седмица преку допис ги информираше националните федерации дека дозволува присуство на публика во ограничен број (1/3 од вкупниот капацитет на стадионот) и Фудбалската федерација на Македонија преку официјален допис до здравствените институции побара дозвола за присуство на публика на утрешниот натпревар, но конечната одлука во однос на присуство на публика на стадионите во нашата држава до овој момент не е променета, односно важи забраната за собири на спортските гледалишта и стадиони.

Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до сите поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација за подготвеноста да ја бодрат нашата селекција со надеж дека во најскоро време одново на вистински начин ќе бидеме поттик за омилената репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни