Македонија
ФФМ го осуди нападот врз Сејдини: Директен удар на вредностите на фудбалот, спортот и демократијата,
Фудбалската федерација на Македонија денеска објави соопштение, со кое го осуди физичкиот напад врз претседателот Муаред Сејдини.
Првиот човек на ФФМ синоќа бил нападнат од три маскирани лица пред скопски ресторан, за среќа поминал без посериозни повреди, по што го пријавил случајот во полиција.
ФФМ го осуди кукавичкиот напад над Сејдини и потенцираше дека изборот на раководни луѓе во федерацијата се бираат со гласовите на делегатите на собрание, а не со насилство.
Во продолжение целосното соопштение на ФФМ:
– Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува кукавичкиот и срамен напад врз нашиот претседател Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан.
Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто.
Јасно и недвосмислено истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи насилството да стане средство за влијание или решавање на кој било предизвик. Изборот на раководни лица во ФФМ се одвива исклучиво преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство. Оние што се обидуваат да го нарушат овој процес преку сила треба да бидат свесни дека нивните постапки се веќе идентификувани и дека соработуваме со институциите на правдата за целосно расветлување на овој инцидент.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и сите надлежни органи, да преземат итни мерки и да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.
За овој инцидент го информиравме и раководството на УЕФА и ФИФА.
Претседателот на ФФМ останува непоколеблив пред ваквите закани и притисоци. Тие не ја ослабнуваат неговата решителност, туку напротив ја зајакнуваат неговата посветеност кон интегритетот и транспарентноста во спортот.
Муамед Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин, преку гласовите на делегатите и само на ист начин ќе го заврши или продолжи својот мандат. Насилството никогаш нема да биде средство кое ќе го одреди неговото присуство или заминување.
Фудбалската федерација на Македонија останува цврсто посветена на промовирање на спортските вредности, фер игра и почитување на институциите.
-
АТП20 часа
Тони Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, Федерер играше најдобар тенис, а Рафа…..
-
Свет19 часа
Аргентина ремизираше, Меси се пожали за „базенот“ на кој се играше: Не можеа да се врзат две додавања (Видео)
-
Италија16 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Шпанија17 часа
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија14 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Свет18 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Англија10 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Свет20 часа
Белгијците им продадоа импресивна акција од слободен удар на избраниците на Спалети (Видео)