Поврзете се со нас

Репрезентација

ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија излезе со официјално соопштение во однос на Данчо Масев кој ја извршуваше функцијата директор на А-репрезентацијата.

Тој во еден период беше на оваа позиција за да потоа си замине од истата поради одредени несогласувања со претходното раководство на ФФМ за да потоа одново добие шанса.

Денеска „Слободен печат“ излезе со информација Масев дека завршил во притвор во Шутка, но во исто време е кристално јасно дека тој повеќе не е директор на А репрезентацијата.

-Истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица. Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи. Фудбалска федерација на Македонија нема да коментира повеќе за овој случај, -велат од ФФМ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни