Македонија
ФФМ ќе им додели по 10.000 евра на женските прволигаши

Членовите на македонската Прва фудбалска лига во женска конкуренција ќе добијат по 10.000 евра, кои треба да им помогнат во покривањето на административните потреби.
Средствата се обезбедени од солидарниот фонд на УЕФА од женската Лига на шампиони, а трошењето на средствата ќе биде контролирано од овластен ревизор.
– Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука секој клуб од Првата женска лига да добие финансиска помош во висина од 10.000 илјади Евра во денарска противвредност како поддршка од „Куќа на фудбалот“ за административни потреби (закуп и оддржување на терени, тренери, подготовки и слично) на сите 11 клубови од 1 ЖМФЛ. Средствата се обезбедени од солидарниот фонд на УЕФА од женската Лига на шампиони за 2021/22.
Во насока на спроведувањето на стратегијата за развој на женскиот фудбал „Повеќе жени, повеќе голови“ на овој начин, нашата федерација со помош од УЕФА дава дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од Првата лига да продолжат со напредокот преку оваа помош, пред сѐ во логистичка смисла. Клубовите се темел за подобри резлутати и со поголема ангажираност и сериозност во работата ќе придонесат за напредок во иднина.
Начинот на трошење на средствата кои ги добијат клубовите ќе бидат предмет на преглед и проверка од независни ревизорски куќи, – стои во соопштението на ФФМ.
„Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување…итн.), ФФМ потврдува дека на женскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи. Преку напорите на ФФМ ние сакаме да ги поттикнеме клубовите пред сѐ, да бидат двигатели на идниот подем на женскиот фудбал во Македонија. Голема е помошта од УЕФА во таа смисла и важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво продолжувајќи во таа насока“, изјави генералниот сектретар на ФФМ, Филип Поповски.
-
Светпред 23 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 9 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)