Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ ќе ги покрие трошоците за тестирање на сите клубови на КОВИД-19

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија ќе ги покрие сите трошоци за тестирањата на КОВИД-19 на сите клубови во првата машка и женска фудбалска лига.

Ваква одлука донесе Управниот одбор на ФФМ што значи дека сите клубови, фудбалерите и стручниот штаб на истите ќе бидат подложни на тестови пред почетокот на првенствата, а трошоците ќе ги подмира куќата на фудбалот.

Воедно У.О. на ФФМ ги усвои предлог пропозициите за натпреварување во ПМФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021, потоа календарот за натпреварување во женска конкуренција, календарот за натпреварување во младите категории, но воедно ја усвои листата на делегати и донесе одлука за измени и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни