Европски првенства
ФФМ ја започна продажбата на билетите за дуелите со Малта и Фарските Острови

Македонската фудбалска репрезентација месецов ќе ги одигра првите официјални натпревари во 2023 година, а со еден од нив го започнуваме и квалификацискиот цисклус за пласман на ЕП 2024.
Избраниците на Благоја Милевски на 23. март во Скопје ќе се соочат со Малта, против кого ќе ја имаме улогата на фаворит и ќе се надеваме на позитивен старт на квалификациите, за четири подоцна на програмата да биде пријателски натпревар.
Противник овојпат ќе ни бидат најдобрите фудбалери од Фарските Острови (27. март), а ФФМ денеска го најави почетокот на продажбата на билетите за овие две средби.
ФФМ во соопштението наведува дека овојпат нема да има електронска продажба на билетите, а нивната цена ќе биде 200, односно 300 денари.
– Денеска започна продажбата на билетите за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови.
На 23. март (четврток), нашата најдобра репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Четири дена подоцна, на 27. март (понеделник), во пријателски натпревар ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets.
https://mktickets.mk/event/mkd-mlt/
Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Поради нефункционалност на читачите за билети на Националната арена, за двата натпревари нема да има on-line продажба и електронски билети.
МАКЕДОНИЈА – МАЛТА (Национална арена „Тодор Проески“, 23. март), МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ Острови (Национална арена „Тодор Проески“, 27. март);
Северна Трибина: Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 по цена од 200 денари;
Јужна Трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 по цена од 200 денари и Блок 3 и 4 по цена од 300 денари
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Скопје:
∙ ЛитератураМК – City Mall
∙ ЛитератураМК – East Gate
∙ ЛитератураМК – Веро Центар
∙ Литература – ТЦ Буњаковец
∙ ЛитератураМК – ул. Македонија
∙ Југотон ГТЦ 1
∙ ЈК Травел – ТЦ Бисер
∙ Макпетрол – Козле
∙ Макпетрол – Илинденска
∙ Макпетрол – Влае
Велес:
∙ Унисон
Прилеп:
∙ ТА Бран
Куманово:
∙ Тобако Агора
Тетово:
∙ Тобако Монако
∙ Гранд Тобако
Гостивар:
∙ Тобако Вона 5
Охрид:
∙ ТА Вис Пој
Битола:
∙ ЛитерараМК
∙ Tobacco Brothers
Струмица:
∙ ЛитератураМК
∙ ТА Сафари
Радовиш:
∙ ТА Халкидики
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на воведниот натпревар од новите квалификации за ЕП 2024 и контролниот меч против Фарски Острови.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)