Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ ја прошири листата на поддржувачи со компанија за увоз на возила

Објавено

на

На специјално организиран медиумски настан во Скопје беше промовирана соработката на Фудбалската федерација на Македонија со локалната компанија за увоз на возила, „Гранд Ауто“.

Најавено е дека оваа поддршка ќе се однесува на националните репрезентации.

– Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на фудбалот’  добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат. Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација, -истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес.

– Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни