Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ ја претстави Генералната стратегија „Обединети за фудбалот“ и постави седум клучни столба

Објавено

на

Фудбалската Федерација на Македонија попладнево организираше свечен и елитен настан во „Хилтон“ хотелот, на кој беше презентирана и претставена Генералната стратегија „Обединети за фудбалот за 2021-2025-та година“.

Церемонијата од која беа дел голем број познати фудбалски имиња беше организирана на највисоко ниво, а првиот збор му припадна на претседателот Муамед Сејдини кој говореше за остварените стратешки цели во Генералната стратегија до 2020-та година, но и за надоградабата која ќе следи во новата стратегија.

– Откако ги реализиравме нашите стратешки интереси и цели, може да го насочиме погледот кон иднината и нашите идни амбиции и вредности кои не обединуваат преку фудбалот. Докажавме дека некои нешта не се недостижни. Пласманот на најголемите европски натпреварување, ја подобривме инфраструктурата и им даваме поддршка на домашните клубови.

– И покрај проблемите со пандемијата, можам да кажам дека нашата Федерација никогаш не била поповрзана од сега. Настапот на Европското првенство е доказ дека сме на прав пат и овие успеси да ги надоградиме преку новата генерална стратегија. Да го славиме она што го остваривме, а да го дополнитеме со нови стратешки планови кои ќе придонесат дополнителен развој на нашата фудбалска игра, – порача Сејдини во своето обраќање.

По претседателот, детално образложение на новата Генерална стратегија даде генералниот секретар Филип Поповски, кој нагласи седум столба до кои треба да се придржуваат.

Првиот столб е да се направи фудбалот спорт број еден, а во прв план се имиџот и вклученоста

Вториот столб е партиципацијата

Трет столб се натпреварувањата

Четврти столб е елитниот фудбал

Петти столб се приходите

Шести столб е инфраструктурата

Седми столб е доброто раководење

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни