Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ издвои две големи грешки во Скопје, Работнички бара казна за скандалозното судење (Фото)

Објавено

на

Како по обичај, судиската комисија при ФФМ направи увид на целото одиграно коло во Првата македонска фудбалска лига, од кое за издвојување се два спорни моменти од натпреварот кој се одигра во престолнината.

Работнички на домашен терен претрпе висок пораз од Академија Пандев со резултат 0:5, но според „романтичарите“, тоа не е реалната слика за мечот во кој домаќините беа сериозно оштетени.

Судиската комисија на ФФМ воочи две големи грешки од судијата Димитар Пилешков, кој не досуди два чисти пенали за Работнички во период од само 60 секунди, во 38-та и 39-та минута.

– 38 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Работнички беше во посед на топката во шеснаесетникот на Академија, при центаршутот топката го удри играчот од одбраната на Академија во рака, која му беше високо подигната и во неприродна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, иако беше многу добро поставен. Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички.

– 39 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч на Работнички упати топка во 16 сетникот на Академија, на неа стартуваа играч од нападот на Работнички и играч од одбраната на Академија, играчот на Работнички прв стигна до топката, сакајки да ја избие топката играчот на Академија го удри во долниот дел од стапалото (задоцнет старт) играчот на Работнички кој веќе беше во посед на топката. Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи. Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички за закаснет старт на нога со интензитет.

По овој став на Федерацијата, со доста агресивно соопштение се јавија од Работнички, од каде бараат суспензија за судијата Пилешков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни