Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ и Штип ги продолжуваат активностите во изградбата на западната трибина на градскиот стадион (Фото)

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија денеска го потврди досегашниот тек на активностите во изградбата на новата, западна трибина на фудбалскиот стадион во Штип.

– Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалититет, ВИП ложа и ресторан.

–  Во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата. Ја менуваме сликата на стадионите! – велат од ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија преку “хет-трик” програмата на УЕФА во соработка со општина Штип и ФК Брегалница, ја гради западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

Новиот стадион во Штип ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпреварувања во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи за лица со посебни потреби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни