Македонија
ФФМ го предаде во употреба најновиот терен со вештачка трева
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Струмица официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за ФК Академија Пандев.
Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА.
На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев беа присутни раководните луѓе на ФФМ, предводени од претседателот Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претставникот на Академија Пандев, Мартин Алаѓозовски.
– За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени секогаш се посебни и значајни. Овој терен е првиот со најмодерна вештачка трева во Македонија, без гранули и во вредност од 280. илјади евра како помош од ФФМ и УЕФА за фудбалскиот регион од кој секогаш произлегуваат македонски фудбалски репрезентативци.
– За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања.
– Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови. Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија, –изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Провокаторот Мбапе предизвикал тепачка во тунелот на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Гвардиола објасни зошто беа заменети Халанд и Де Брујне: Не планирав…
-
Лига на шампионипред 24 часа
Херојот на Реал: Знаевме дека еден играч ќе ризикува…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 20 часа
Родри: Имаше само еден тим на теренот, но…
-
Шпанијапред 15 часа
Араухо: Подобро да не кажувам што мислам за изјавата на Гундоган!
-
Лига на шампионипред 14 часа
Херојот на Баерн се пофали со пласманот во полуфинале, Крос го истрола пред двете пресметки со Реал (Фото)
-
ВТАпред 20 часа
Ѓорческа запрена во осминафиналето во Копер
-
Лига на шампионипред 19 часа
Дали навивачите на Сити му пресудија на својот тим? Моментот кој влијаеше во пенал серијата (ВИДЕО)