Македонија
ФФМ го одржа Редовното Собрание: Одобрен буџетот и потврда за промените во третите лиги

Со присуство на 84 од вкупно 97 делегати, Фудаблската Федерација на Македонија денеска конечно го одработи планираното Генерално собраниот, кое мора да се напомене дека беше одржано во исклучително претпазлив здравствен протокол одобрен од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Откако претходно два пати беше одложувана средбата на делегатите поради панедмијата со коронавирусот, собирот во „Александар Палас“ ова утро мина според планот, па така ФФМ ги изгласа сите предвидени точки во дневниот ред.
Беше усвоен извештајот за работата на ФФМ од минатата година, но исто така беше одобрен и буџетот за оваа година, според кој нашето најголемо фудбалско тело ќе продолжи да работи за подобрување на условите во Македонија.
На Редовното Генерално Собрание се усвои и извештајот за работа на претседателот и Управниот одбор на ФФМ, потоа извештаите од правните органи и лиценцни тела на ФФМ, како и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2016-2026 за 2019. година.
Меѓу другото, беше изгласан и новиот статус за натпреварување во третите фудаблски лиги, според кој новата регионална поставеност ќе се имплементира од сезоната 2020/2021 и вклучува поделба на пет региони со пет трети лиги кои би броеле од 6 до 16 екипи.
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Шпанијапред 24 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!