Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ го одложи стартот на Втората лига

Објавено

на

Новата натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига носи одредени промени, бидејќи веќе нема две натпреварувања поделени на Исток и Запад, туку едно единствено од кое дел ќе бидат 16 тима.

Возбудувањата требаше да стартуваат претстојниот викенд откако Првата македонска лига веќе официјално почна изминатиот, но сега дојде до мало одложување и нема да гледаме второлигашки фудбал на 13-ти и 14-ти август.

Првата лига ќе продолжи според планираниот распоред, но ФФМ денеска објави дека стартот на Втората лига е одложен и дополнително ќе биде објавено кога ќе започне.

– Комисијата за натпреварување при ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на ВМФЛ.

– Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпреварите од првото коло во ВМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни