Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ ги одреди стадионите домаќини за сите финалиња во Купот

Објавено

на

Националната арена „Тодор Проески“ останува недостапна за сите клучни натпревари во финишот од сезоната во македонскиот фудбал, па така оваа година главно одредиште на Купот ќе биде стадионот на ФФМ, „Петар Милошевски“.

Управниот Одбор при Фудбалската Федерација на Македонија денеска ги одреди терените домаќини за сите натпревари во Купот, па покрај она меѓу Струга и Македонија во најсилна конкуренција (20 мај), ги одреди и стадионите на кои ќе се играат финалињата во останатите конкуренции.

На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– Распределба на средства од солидарна шема на Уефа, на клубовите од МФЛ за млади категории

– Финале Куп на Македонија (жени) ќе се одигра на 16, мај, на стадионот во Ѓорче Петров, во 16. часот;

– Финале Куп на Македонија (младинци) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 17. часот;

– Финале Куп на Македонија (кадети) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 10:30 часот;

– Финале Куп на Македонија (пионери) ќе се одигра на 17 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17. часот;

– Финале Куп на Македонија (помлади пионери) ќе се одигра на 17. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 10:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни