Македонија
ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот против Велс, но ги зголеми и делегатските такси

На денешната свикана седница во ФФМ, Управниот одбор донесе низа одлуки кои ќе почнат да се применуваат веднаш, а беше одредена и цена на билетите за натпреварот кој го играме против Велс на домашен терен во месец март.
Новото раководство на ФФМ почна со набавки на машини и механизација која ќе овозможи полесно одржување на фудбалските терени во Куќата на Фудбалот, но исто така ги зголеми и таксите на координаторите и делегатите со едногласна одлука на седницата.
Соопштението на ФФМ и изнесените точки ви ги пренесуваме во целост:
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на финансиски средства од УЕФА Лига на шампиони – солидарна шема за 2023/24 за женските екипи од Прва МФЛ.
Екипите од Прва ЖМФЛ од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе добијат вкупно 90.000 илјади евра. Распределбата ќе биде рамномерна за сите девет екипи од ланската натпреварувачка сезона.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за цената на влезница за натпреварот Македонија – Велс (Национална арена „Тодор Проески“, 25. март 2025) од квалификациите за СП 2026.
Цената на билет за првиот домашен натпревар од мундијалските квалификации изнесува 300 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 900 денари е билет за прва категорија (северна трибина, блок 15).
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука влезот за натпреварот меѓу женските репрезентации на Македонија и Косово (21. март, Т.Ц. „Петар Милошевски“) да биде бесплатен.
Исто така, влезница нема да се наплаќа за натпреварите на женската репрезентација до 19 години за натпреварите против Босна и Херцеговина (23. и 25. март)
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на машини и механизација за одржување на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за зголемување на таксите за координаторите по региони во ФФМ Детска лига.
Таксата за координаторите во регионите од Детска Лига се зголемува за речиси 30 проценти. Зголемувањето, исто така, се однесува и за судиите во Детска лига, односно судиската такса се зголемува за близу 30 проценти.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за зголемување на делегатските такси во Прва и Втора МФЛ. Таксата за делегати во Прва и Втора МФЛ се зголемува за 30 проценти.
Врз основа на добиено барење за членство во Фудбалската федерација на Македонија од страна на Здружение на судии и приложена документација (од 2012 година, Здружението на судии нема одржано Собрание), Управниот одбор на ФФМ одлучи да го упати Здружението на судии да свикаат Собрание во текот на оваа година согласно нивниот Статут и да изберат органи согласно Статутот. По направен упис во Централен регистар да приложат документација врз основа на која Управниот одбор на ФФМ ќе може да предложи Здружението на судии да стане членка на ФФМ на Собрание во 2026 година.
-
Англија23 часа
„ОПТА“ открива: Кој фудбалери оди, а кој трча најмногу во Премиер лигата
-
Репрезентација19 часа
Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
Лига на шампиони19 часа
Алварез за спорниот пенал против Реал: Ја гледав снимката илјада пати…(ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Рафиња: Размислував да си заминам од Барселона, Флик…
-
Репрезентација20 часа
Атрактивен гол на Муслиу, Македонија има сигурна предност во Вадуц (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Целиот приход од дуелот Македонија-Велс ќе биде наменет за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Италија15 часа
Де Роси со еден збор ја опишал работата на Раниери во Рома