Македонија
ФФМ: Есенскиот дел од сезоната ќе заврши без публика на стадионите
Фудбалската Федерација на Македонија ги откажа сите натпревари кои требаше да се одиграат изминатиот викенд, а откако го презакажа цело коло за утре, денеска излезе со информација и за последното од есенскиот дел од сезоната.
ФФМ ги информираше клубовите дека годината ќе се затвори без присуство на навивачите на фудаблските стадиони во Македонија, сето тоа по барање на Министерството за Внатрешни работи.
– Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.
– Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.
– Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.
-
АТП8 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија17 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП17 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија15 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија18 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
АТП14 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)