ФФМ детално ја образложи посетата на Чеферин во Скопје

ffm-ceferin

По најавата за посетата на Александер Чеферин на македонската престолнина, Фудбалската Федерација на Македонија излезе и со поопширно објаснување за причината поради која претседателот на УЕФА ќе биде во Скопје за неколку дена, а истовремено, ни го претстави новиот објект кој ќе биде дел од „Куќата на фудбалот“.

Чеферин ќе биде пречекан во Скопје од страна на Илчо Ѓорќиоски кој инаку има одличен однос со првиот човек на Европската куќа на фудбалот, а главна цел на посетата ќе биде официјалното отворање на сметстувачкиот капацитет во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

– Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите. Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија: Фудбалот на прво место, создаваме можности. Една од главните заложби на Фудбалската федерација на Македонија е да ја препознае и да го направи многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но задача е постојано да се развиваат и унапредуваат содржините на програмата за работа на академијата и младинскиот фудбал. Нашата визија е да ја претставиме Академијата како водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина, – се вели во објавата на ФФМ.

Facebook Коментари