Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ активираше своја платформа за продажба на билети

Објавено

на

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја промовираше својата платформа за интернет продажба на влезни билети за натпреварите на репрезентациите, која фановите ќе можат да ја пронајдат како eticket.ffm.mk

Со официјално соопштение, најавени се предностите на платформата и начинот на кој фановите во иднина ќе можат да купуваат билети за настапите на нашите национални тимови.

– Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;

2. Изберете натпревар;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство.

Напред Македонија! – стои во соопштението на ФФМ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни