Поврзете се со нас

Лига на нации

ФФК: Натпреварот го напуштивме поради расизам и провокативно однесување на Романците

Објавено

на

foto:x.com/EURO2024DE

Средбата меѓу Романија и Косово во Лигата на нации не го дочека својот крај и сега УЕФА или поточно дисциплинската комисија ќе има задача да донесе одлука за потегот на гостите да не го доиграат натпреварот.

Гостите се жалеа на однесувањето на домаќинот, неговите навивачи, скандирањата од трибините, а фудбалската федерација на оваа земја се огласи со соопштение во кое обвини за расизам.

-Фудбалската федерација на Косово (ФФК) најостро ги осудува расистичките провокации и однесување што се случија на синоќешниот натпревар меѓу Романија и Косово во Букурешт во рамките на Лигата на нации на УЕФА. Натпреварот беше прекинат поради континуираните расистички и антикосовски скандирања од страна на романските навивачи, кои повторија расистичко и провокативно однесување кое сериозно му наштетува на духот на фер-плејот, на вредностите на фудбалот и е целосно кршење на прописите и принципите на УЕФА.

-Во текот на целиот натпревар беа присутни извици како „Косово е Србија“ и „Србија, Србија“, свирежи за време на интонирањето на националната химна на Косово, фрлање тврди предмети на стадионот и други навредливи и провокативни дејствија, создавајќи неприфатлива атмосфера, не беше безбедно за нашите играчи, -се вели во дел од соопштениот на ФФК.

Со соопштение со сосема поинаков став се јавија и од романската федерација, па останува да се види која ќе биде одлуката на УЕФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни