Фетел заврши во оградата, Хамилтон со маестрално возење до првото место во Германија (Видео)

hamilton-germanija

Луис Хамилтон и Себастијан Фетел си ги заменија улогите на најголем добитник и губитник во однос на вчерашните квалификации, па возачот на Мерцедес стигна до победата на трката за ГН на Германија и се врати на првото место во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот.

Фетел не само што не ја искористи предноста, туку невниманието на влажната патека во 52. круг го чинеше удар во заштитната ограда и останување без поени на трката пред своите сонародници на патеката Хокенхајм.

Хамилтон стигна од 14 до 1. место благодарение на фантастичното возење и активирањето на безбедносното возило, а му помогна и тимската наредба според која Валтери Ботас мораше да се задоволи со второто место и да не ја напаѓа првата позиција на својот тимски колега. Еден-два победата на Мерцедес донесе финиш од соништата за Мерцедес, чии претставници беа очајни поради предноста која Ферари ја имаше во квалификациите, но која на крајот донесе само трето место за Кими Раиконен.

Хамилтон сега има 17 поени предност во однос на второпласираниот Фетел, а следната трка е веќе наредниот викенд и тоа во Унгарија.

Facebook Коментари