Формула 1
Фетел за заминувањето од Ферари: Сфативме дека нема заедничка желба за продолжување
Утрово од таборот на Ферари објавија дека нема да ја продолжат соработката со Себастијан Фетел кој ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.
Фетел има договор до крајот на 2020 година и истиот нема да биде продолжен, па Германецот ќе има слобода да бира во кој тим ќе продолжи следната сезона.
32 годишниот пилот во своето простување со Ферари посочи дека заедно со луѓето од клубот сфатиле дека веќе нема заедничка желба за продолжување на соработката, па ваквиот чекор бил логичен по целиот развој на настаните.
– Мојата врска со Ферари ќе заврши по крајот на 2020 година. Со цел да се добијат најдобрите резултати во овој спорт, најважно за сите е да се работи во перфектна хармонија. Со тимот заедно одлучивме дека веќе нема заедничка желба да останеме заедно по крајот на оваа сезона.
– Финансиските примања не играа улога во оваа одлука. Тоа не е начинот на кој јас размислувам кога носам важни одлуки.
– Ферари зазема специјално место во Формула 1 и јас се надевам дека ќе го добијат сиот успех кој го заслужуваат. За крај, сакам да се заблагодарам на цело семејство Ферари, а најмногу на тифосите насекаде низ светот за поддршката која ми ја дадоа изминативе години, -изјави Фетел.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија24 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити