Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел: Навистина Мерцедес не беше како порано, очекувам …

Објавено

на

Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел е еден од возачите кој не се стеснуваше да го прогнозира распоредот на силите меѓу екипите и возачите по првиот и единствениот претсезонски тест.

Откако минатиот викенд сите Ф1 екипи ги донесоа своите болиди во Бахреин, очекувањата за првата трка лицитираат со тоа дали и натаму ќе продолжи доминацијата на Мерцедес. Фетел од своја страна изјави дека извозел сто круга помалку од планираното, но дека востановиле проблеми со болидот на Астон Мартин што ќе треба да бидат адресирани, но слични проблеми со издржливост на одредени делови покажа и актуелниот шампионски тим.

– Би било фер да се рече дека и Мерцедес немаше чудесна километража како што имаа минатите години. Но, од друга страна, очекувам да бидат во ред за првата трка. Ред Бул го прави тоа што треба да го прави, ги предизвикува. Очекувам дека ќе биде дуел на Ред Бул и Мерцедес,- рече Фетел, кој пред да вози за Ферари ги освои своите четири шампионски титули со Ред Бул.

Слично како Фетел размислува и возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој лани на една трка го замени Хамилтон додека беше отсутен поради Ковид-19.

– Не ги следев дечките од врвот, но ги прашав како им оди. Тие се Мерцедес, ќе бидат добри. Сигурен сум во тоа,- додаде Расел.

Првата трка се вози за Големата награда на Бахреин на 28 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни