Фетел имаше незгоден инцидент со Ферарито, Германецот префрлен во болница (Видео)

fetel-montmelo

Себастијан Фетел ја одбележа утринската сесија на Ф1 тестовите во Барселона, откако германскиот возач на Ферари за жал имаше еден непријатен инцидент кој изнуди експресна реакција од службите и лекарите крај патеката.

Фетел имаше незгода на патеката Монтмело откако неговото Ферари доживеа механички дефект во третата кривина, па така четирикратниот шампион со голема брзина се заби во заштитната ограда по што беа крената црвени знаменца во Барселона. Поради силината на ударот, Фетел експресно беше пренесен во болница за да бидат направени детални прегледи, а оттаму за среќа пристигнуваат позитивни информации кои велат дека Германецот не стекнал никаква потешка повреда.

Ова е прв голем пех за Ферари во пресезонските тестови, па сега инженерите сигурно ќе треба да го откријат механичкиот дефект во моторот кој можеше да му донесе и многу посериозни последици на Германецот.

Facebook Коментари