Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел и Биното предизвикаа „војна“ во Ферари: Не сум толку голем идиот…..

Објавено

на

Себастијан Фетел го видовме во светло во кое веќе навикнавме да го гледаме оваа сезона, бидејќи трката за Големата награда на Португалија ја заврши шест места зад својот тимски колега кој вади максимум од својот болид, во ситуација кога конкуренцијата е доста побрза.

Четирикратниот светски шампион доживува страшна деструкција во последните неколку сезони, која својот врв го достигнува во неговата последна сезона како возач на Ферари, тим со кој се разделува по крајот на оваа година. Фетел веќе си договори ангажман во Астон Мартин, но кога се очекуваше достојно да заврши неговата етапа во италијанскиот тим, се почести се вербалните „војни“ кои привлекуваат внимание во јавноста.

По трката во Португалија на која освои само еден бод, Фетел уште еднаш нагласи дека Ферари подготвува многу подобар болид за неговиот тимски колега, на што овојпат доби жесток одговор од шефот, Матија Биното.

– Не сум среќен со освоениот бод, не сум во Формула 1 за да освојувам еден бод. Болидот беше многу тежок за управување во текот на целата трка. Имав добри кругови, но после помалку добри, немам константност. Не знам дали да кажам нешто повеќе, но подобро е да премолчам. Очигледно е дека другиот болид е многу подобар. Можно е еден идиот да не почувствува разлика цела година, но јас не сум толку голем идиот. Изгледа многу полесно за човекот во другиот болид на Ферари, – изјави Фетел.

– Болидите на Себастијан и Шарл се исти, без неикаков сомнеж, тие се идентични. Се надевам дека Фетел ќе влезе во последната рунда квалификации на Имола и така ќе може да докаже што може да направи на трката. Леклер вози навистина добро, но сите очекуваме повеќе од вториот пилот, – дрско одговори Биното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни