Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел ги изнасмеа Ф1 фановите по најновиот инцидент во Сочи, Хамилтон освои нова пол-позиција (Видео)

Објавено

на

blank

Иако се чинеше дека Валтери Ботас е најбрз на својата омилена трка, на крајот првото место на квалификациите во Сочи го освои Луис Хамилтон кој стигна до нова поп-позиција, со која ќе се обиде да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во Формула 1.

Британецот ќе биде во најдобра позиција да стигне до такво фантастично достигнување, откако ова попладне во Русија уште еднаш демонстрираше дека е подобар од својот тимски колега, но и останатата конкуренција.

На крајот, Ботас беше потиснат и на третото место, бидејќи Макс Ферстапен се избори за минимално подобро време од Валтери, но беше дури половина секунда зад најдоброто време на Хамилтон.

Во вториот стартен ред утре ќе го гледаме Серхио Перез, а по него следуваат Рикиардо, Саинц, Окон, Норис, Гасли и Албон кој е десетти.

Двоецот на Ферари одново беше катастрофален во квалификациите, со тоа што Леклер ќе стартува 11-ти, а Фетел 15-ти. Сепак, овој вториот се погрижи и за најурнебесната сцена на квалификациите денеска, бидејќи откако направи инцидент, се испроба и во улога на маршал, собирајќи ги остатоците од своето Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни