Ферстапен збесна и упати сочна пцовка по инцидентот со Луис Хамилтон (Видео)

verstapen1

Квалификациите за Големата Награда на САД со најбрзо време ги извози Валтери Ботас, но она што ги обележа истите е инцидентот помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Имено, актуелниот светски шампион го истурка Ферстапен од патеката, нешто што многу го налути младиот холандски пилот кој беснееше преку тимското радио.

– Па, тој е еб**о виновен за ова, што се случува, -викаше Ферстапен, а по крајот на квалификациите продолжи со нападите кон Хамилтон.

– Сите нормално возеа и забавуваа за да си направиме место, но тој јуреше како да е сам на патеката и како воопшто да не се грижи. Е па, ако него не му е гајле, ниту мене не ми е. Сите други меѓусебно се почитуваме, -изјави бесниот Ферстапен.

Facebook Коментари