Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен заработи казна, но ја продолжи доминацијата и во Лас Вегас

Објавено

на

https://twitter.com/redbullracing

Макс Ферстапен запиша уште една победа во својата Формула 1 кариера, триумфирајќи утринава на трката во Лас Вегас.

Возачот на Ред Бул заработи казна од пет секунди уште на почетокот на трката, но подоцна имаше потреба од две активирања на безбедносното возило, па заедно со перформансите на неговиот болид, тоа беше доволно за шампионот да се врати на првата позиција и без проблеми да дојде до победата.

Серхио Перез имаше најголем напредок во клучните моменти од трката, стигна и до второто место, но Шарл Леклер успеа да си ја врати позицијата, оставајќи го Мексиканецот да се задоволи само со најниската позиција на победничкиот подиум.

До десеттото место се пласираа Окон, Строл, Саинц, Хамилтон, Расел, Алонсо и Пјастри.

Ландо Норис излета од патеката уште на стартот, па иако самиот излезе од болидот по инцидентот, бил префрлен во болница на задолжителни детални прегледи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни