Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен за невкусната реакција на фановите на Ферари во Монца: Нема да ми го уништат денот (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен стигна до петта победа во низа во Ф1 шампионатот и само ја зголеми предноста во генералниот пласман, односно стигна чекор поблиску до втората шампионска титула во кариерата.

Ферари во овој момент не изгледа како тим кој може да ги загрози Ред Бул и расположениот Ферстапен, дури ниту на домашната трка која толку многу се очекуваше.

Леклер стартуваше од пол-позицијата, но немаше посакувано темпо во трка како она на Макс, кој по големата победа во домот на Ферари, доби доста невкусен пречек од тифозите.

Навивачите го исвиркуваа Холанѓанецот додека даваше интервју по победата и свирежите беа жестоки, но Ферстапен не обрна премногу внимание и одговори дека го остварил она по кое дошол на Монца.

– Се случуваат вакви работи. Знам дека многумина сакаат да зборуваат за исвиркувањето, но на крајот од денот, јас сум тука за да победам и го направив тоа по кое дојдов пред овие фанови.

– Некои луѓе не можат да одадат респект поради тоа што се многу емотивни во навивањето за друг тим. Така е како што е, но тоа нема да ми го уништи денот. Јас уживам во моментот и победата, – изјави Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни