Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен за нападот од Хамилтон: Се почувствував како седечка патка!

Објавено

на

Макс Ферстапен го доживеа второто големо разочарување во период од седум дена, со тоа што ова денеска беше далеку поболно, бидејќи водеше цели 60 круга на трката за Големата награда на Шпанија, пред да биде престигнат од Луис Хамилтон.

Британецот минатата седмица беше далеку побрз и заслужено славеше во Портимао, додека денеска од огромна корист му беше фантастичната стратегија на Мерцедес, која беше далеку поризична од онаа на Ред Бул, но токму таа вроди со плод и го доведе Хамилтон во ситуација со свежи и нови гуми, лесно да го мине својот конкурент на шест круга пред крајот.

– Можевме да видиме дека престигнувањето доаѓа од некаде. Тие веќе беа побрзи и имаа многу поголема брзина со средно меките гуми. Не можевме да направиме многу.

– Кога повторно застанаа и влегоа во боксот по нови гуми, знаев дека е готово, знаев дека ќе загубиме. Веќе беше тешко со средно меки гуми, Луис ми се приближуваше, па на крајот бев како седечка патка, бев лесна мета за него.

– Пробав се што можев, направив се што можев. Ова покажува дека се уште не сме таму кадешто сакаме да бидеме. Треба да работиме напорно, во овој момент сме побавни од нив, – порача Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни