Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го возврати ударот по казната од ФИА, Норис уживаше во неговото шоу на пресот (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен го освои второто место во вчерашните квалификации за Формула 1 трката во Сингапур, а тоа му обезбеди место и на официјалната прес-конференција на која учествуваа тројцата најбрзи возачи.

Актуелниот светски шампион со своето однесување на пресот го стави во втор план она што се случувало во квалификациите, а со тоа потврди дека влегува во отворен конфликт со ФИА.

Претходниот ден, Ферстапен доби казна од стјуардите (да се вклучи во некоја општествено полезна работа) поради тоа што употребил „ф“ збор на прес-конференција, па реши да возврати со тоа што на официјалната прес-конференција на ФИА одговараше со еден или неколку зборови.

Ферстапен направи шоу со своите одговори, додека пред се Ландо Норис, но и Луис Хамилтон добро се изнасмеаја на неговото однесување, а новинарите добија порака дека поопширни и покоректни одговори ќе добијат после пресот.

Пол позиција за Норис, катастрофа за Ферари во квалификациите за трката во Сингапур

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни