Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен со триумф во Абу Даби ја заокружи најдоминантната сезона во Ф1 (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/TSN_Sports

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен со уште едно победничко издание во негов стил ја заокружи оваа сезона Ф1 шампионатот.

Холанѓанецот доминираше во оваа 2023 година, па така беше и на завршната трка во Абу Даби каде славеше пред Шарл Леклер од Ферари и Џорџ Расел од Мерцедес.

Ова за Ферстапен беше 19 победа во 22 сезонска трка со што само уште еднаш ја потврди најдоминантната сезона во историја на ова елитно натпреварување. Тој остави зад себе неверојатни бројки, резултати за кои ќе видиме дали ќе можат да бидат повторени во блиска иднина.

Макс воедно сега има 54 победи во кариерата или поточно пред него на вечната листа се само Михаил Шумахер (91) и Луис Хамилтон.

Ова се конечните резултати, пласманот на Ф1 возачите и на тимовите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни