Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен со кратко резиме го оцени разочарувачкиот ден во Португалија (Фото)

Објавено

на

По молкот кој го имаше во изминатите два дена, Макс Ферстапен се огласи на социјалните мрежи за неповолните случувањата на трката за Големата награда на Португалија, каде покрај тоа што беше видно инфериорен во однос на Мерцедес кога е брзината во прашање, го загуби и она кое мислеше дека го стекна во последниот круг.

Ферстапен влезе во боксот во претпоследниот круг со цел да добие нови гуми, па иако во последниот обид извозе најбрз круг на трката во Портимао, дополнителниот бод му беше експресно избришан откако ФИА процени дека излегол од патеката во свиокот 14. Холанѓанецот дозна за одлуката на стјуардите додека даваше кратко интервју по трката, а револтот не го криеше ниту Хелмут Марко кој распали по одговорните лица на ФИА.

– Загубивме и победа, и пол позиција и најбрз круг заради правилата за лимит на патеката. Нешто мора да се промени, или направете граница со тротоарите, или ставете песок. Казната ќе биде автоматска, – изјави Хелмут Марко.

По оваа негова изјава, со свое кратко резиме се јави и Ферстапен, кој вели дека една битка е загубена, но војната и борбата ќе трае до крајот на сезоната.

– Навраќајќи се назад кон трката за Големата награда на Португалија, мора да кажам дека освоеното второ место беше апсолутниот максимум за нас после неколку незгодни дена. Оваа сезона ќе биде долга и ќе гледаме на неа викенд по викенд. Но, пред се, ќе продолжиме да се бориме до крај, – порача Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни