Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен се закани: Не планирам да останам во Ф1 со вакви глупости

Објавено

на

Макс Ферстапен заврши втор на трката за Големата награда на Сингапур и успеа да ја намали штетата со оглед на огромната доминација на Ландо Норис, но по крајот на возбудувањата на Јас Марина, Холанѓанецот говорел за посериозни теми поврзани за неговата иднина во Формула 1.

Светскиот шампион не го криеше разочарувањето што доби казна од ФИА за користење на зборот „Ф“ за време на прес-конференцијата, па откако одговорните луѓе одредија да биде дел од општествено корисна работа во иднина, Макс се закани дека нема уште долго да го гледаме во „најбрзиот циркус“ во светот ако се продолжи со трендот на носење глупави одлуки.

Ферстапен очигледно почувствува дека му е скратено правото да се обраќања онака какошто сака, па сега и дефинитивно потврди дека е влезен во конфликт со ФИА и првиот човек на оваа асоцијација, Мохамед Бен Сулајем.

Актуелниот светски шампион во саботата бизарно одговараше на новинарските прашања и предизвика шоу на пресот, за вчера по трката да биде поопсежен во своето обраќање.

– Нема да давам долги одговори кога добивам ваков третман. Никогаш не сум имал лош однос кон ФИА, оваа година бев волонтер во доста нивни активности, секогаш сум тука за да помогнам. Не знам да кажам не, ако побараат нешто од мене, јас секогаш го правам. За возврат добивам ваков третман, па отсега тоа нема да функционира како досега. Задолжително е да се одговара на новинарските прашања, но никаде ни пишува колку долги треба да бидат истите.

– Ова е спорт и мора да се искажат емоциите. Јас секогаш се обидувам да бидам верен на себе, не можам да се менувам поради нив. Вакви работи секако влијаат и врз мојата иднина. Кога не ви даваат да бидете свој и кога се соочувате со вакви глупости, работите стануваат потешки. Убаво е да се победува и да се има успех, но се наоѓам во момент од кариерата кога не сакам да се занимавам со вакви глупости. Ова не е начинот на кој сакам да продолжи овој спорт, – изјави Ферстапен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни