Формула 1
Ферстапен се „прошета“ во Шпанија, одличен викенд и за Мерцедес

Трката за големата награда на Шпанија не донесе возбудувања кога е самиот врв во прашање, бидејќи Макс Ферстапен имаше мирно попладне во кое лесно стигна до нова победа во Ф1 шампионатот, а воедно го избре и најбрзиот круг за кој доби дополнителен бод.
Актуелниот првак само на стартот беше предизвикан од Карлос Саинц, но откако го задржа првото место во првиот свиок, потоа имаше празен простор пред себе и цели 66 круга ниту еднаш не беше тестиран.
Возачот на Ред Бул направи голема разлика и лесно ја чуваше разликата пред конкуренцијата, која овојпат не беше сочинета од двајцата возачи на Астон Мартин.
Фернандо Алонсо немаше свој ден и заврши на седмата позиција, но затоа одлични беа возачите на Мерцедес кои се изборија за место на пиедесталот и режираа навистина добар викенд во Каталонија.
Луис Хамилтон и Џорџ Расел го комплетираа подиумот на денешната трка, додека Серхио Перез сериозно напредуваше од 11-то место, но на крајот мораше да се задоволи со четвртото. Саинц имаше најголем пад од водечките и заврши петти, а покрај Строл и Алонсо, во првите десет завршија Окон, Цунода и Жу.
-
Македонијапред 23 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Англијапред 24 часа
Антони минал во полиција цели пет часа, Јунајтед излезе со ново соопштение и донесе одлука за иднината на Бразилецот (Фото)
-
Светпред 14 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Англијапред 17 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Шпанијапред 17 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти откри зошто му се налутил на Винисиус
-
Шпанијапред 14 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)