Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен рутински го освои Монако, трет подиум во Ф1 кариерата за Окон

Објавено

на

foto: https://twitter.com/f1miami

Макс Ферстапен издоминира на Формула 1 трката во Монако и без никакви проблеми ја задржа првата позиција уште од стартот на трката.

Дождот успеа да предизвика одредени проблеми и промени во поредокот на трката низ улиците на Монте Карло, но Ферстапен со одлично возење не пропушти да ја искористи предноста во перформансите на болидот на Ред Бул.

Фернандо Алонсо исто така може да биде задоволен бидејќи го задржа второто место од квалификациите, но се чини дека тимската стратегија го спречи да се бори за првото место. Влегувањето во боксот непосредно пред да заврне дожд значеше дека Шпанецот вторпат мора да оди во бокс, со што не можеше да го нападне првото место на Ферстапен.

Естебан Окон е третиот возач кој избори место на победничкиот пиедестал, што за возачот на Алпин е трет подиум во Ф1 кариерата.

Возачите на Ферари повторно не можат да се пофалат со импресивна трка, Карлос Саинц направи грешки поради кои на крајот заврши на осмото место, додека Шарл Леклер заврши на шестото место, од кое и стартуваше денеска.

Хамилтон и Расел со четврто и петто место донесоа солиден резултат за Мерцедес, на седмото место се најде Гасли, додека на деветтото и десеттото место се пласираа Норис и Пјастри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни