Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен разочаран од Хамилтон: Ја славеше победата додека јас бев во болница

Објавено

на

Макс Ферстапен немаше можност да се бори за победа на Силверстоун, откако ја заврши трката уште во првиот круг.

Стјуардите одлучија дека виновник за судирот бил неговиот најголем ривал Луис Хамилтон, но казната не го спречи Британецот да стигне до победата и да ја намали негативата во генералниот пласман,

Ферстапен бил префрлен во болница за да му бидат направени вообичаените прегледи, а подоцна испрати порака во која не крие дека е разочаран од однесувањето на Хамилтон.

– Прво и најважно, добро е што сум ОК, беше сериозен удар, но се чувствувам подобро.

– Јасно е дека сум разочаран што завршив на ваков начин, казната не ни помогна на ниту еден начин и не е праведна за опасниот потег кој Луис го направи на патеката.

– Прославата по трката додека јас се уште бев во болница е непочитување и неспортско однесување, но продолжуваме напред, – напиша Ферстапен на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max Verstappen (@maxverstappen1)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни