Ферстапен против проширениот календар: 22 трки ќе донесат многу разводи

verstapen1

Макс Ферстапен предизвика внимание со последното интервју дадено за холандските медиуми, а во кое говори на повеќе интересни теми.

Меѓу другото, на возачот на Ред Бул не му се допаѓа планот бројот на трки да биде зголемен од 20 на 22 и смета дека тоа ќе донесе последици по инволвираните во Ф1 циркусот.

– Не се согласувам да има 22 трки во текот на сезоната. Мислам дека треба да се изберат најдобрите патеки, знам дека сакаат да заработат повеќе пари, но исто така треба да мислат и на вработените и механичарите кои подготвуваат терен за екипите и се она што следува на официјалниот натпреварувачки дел.

– Тие доаѓаат во понеделник или вторник и создаваат услови за работа, додека шефовите доаѓаат во сабота наутро и заминуваат со авион по трките. За нив не е проблем, тие би прифатиле и 30 трки бидејќи се отсутни само неколку денови од дома.

– Но, за другите тоа значи отсуство по 5-6 денови за секоја трка, јас не се жалам за нас, туку за механичарите, тие уште отсега можат да ги пополнуваат документите за развод, – вели Ферстапен.

Facebook Коментари