Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен под истрага, стјуардите може да го казнат пред трката во Катар

Објавено

на

Макс Ферстапен денеска мораше да се задоволи само со втората позиција во квалификацитие за Ф1 трката во Катар, а сега му се заканува и потенцијална казна во пресрет на трката.

Стјуардите го повикале пилотот на Ред Бул на утринско сослушување и тоа поради фактот што во еден момент Ферстапен не ги почитувал жолтите знамиња на патеката.

Актуелниот лидер во генералниот пласман не ја намалил брзината во последниот круг од квалификациите, а за истата работа,  утре разговор со стјуардите ќе имаат и Валтери Ботас и Карлос Саинц.

Доколку стјуардите решат дека Ферстапен заслужува казна, тогаш тој веројатно ќе биде вратен пет позиции во стартниот поредок, нешто што ќе биде одлична вест за Луис Хамилтон.

Во пресрет на утрешната трка, Ферстапен има 14 поени повеќе од Хамилтон во генералниот пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни