Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен побрз во квалификациите, ќе стартува пред Хамилтон на трката во САД

Објавено

на

Макс Ферстапен извозе најбро време на патеката во Остин и ќе стартува од пол-позицијата на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави.

Ред Бул имаше позитивни квалификации, Ферстапен и Серхио Перез ги имаа двете најдобри позиции пред последните летечки кругови, но на крајот Луис Хамилтон успеа да ги раздвои со последниот круг.

Актуелниот шампион ќе стартува веднаш зад Ферстапен, што најавува возбудувања и дуел меѓу двајцата ривали за титулата уште во првите свијоци.

Перез на крајот имаше трето најдобро време, а од вториот ред ќе стартува Шарл Леклер, кој напредува една позиција поради казната на Ботас, кој пак наместо од четвртото, ќе ја започне утрешната трка од деветтото место.

Зад Леклер се Саинц, Рикиардо, Норис, Ботас, Гасли и Цунода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни