Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен по одличната трка во Џеда: Сите се среќни, но јас не

Објавено

на

foto: https://twitter.com/f1miami

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен извоза одлична трка во Џеда, на втората трка за Големата награда на Саудиска Арабија.

Холанѓанецот тргна од 15.  место и на крајот стигна до второто место, но и покрај тоа истакна дека не е задоволен како се одвивале работите.

– Стигнав до второто место и сите во тимот се среќни, но јас лично не сум. Не дојдов да бидам втор, посебно не по напорната работа и максималните подготовки, -изјави Ферстапен.

На трката во Саудиска Арабија победи неговиот тимски колега, Серхио Перез, а третата позиција му припадна на ветеранот Фернандо Алонсо кој има одличен старт на сезоната.

Во генералниот пласман води токму Ферстапен со 44 освоени бодови, еден повеќе од Серио Перез кој е на втората позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни