Формула 1
Ферстапен недопирлив за конкуренцијата на квалификациите во Шпанија (Фото)

Макс Ферстапен вози во страшна форма и изгледа несопирливо во овој момент, не само поради доминацијата на неговиот Ред Бул, туку и поради перформансите кои ги покажува секој тркачки викенд.
Холандскиот возач беше пребрз за конкуренцијата и на денешните квалификации на трката за Големата награда во Шпанија, односно не им даде никаква шанса на патеката во Каталуња.
Бруталната доминација на Макс најдобро е отсликата од неговотот најдобро време 1:12.272 кое беше за речиси половина секунда подобро од второто најдобро на Карлос Сајнц, што доволно говори колкава е разликата пред утрешната главна трка.
Ферстапен ќе биде во пол-позиција да стигне до нова победа и да ја зголеми предноста во генералниот пласман, а супер вест за него е и тоа што Фернандо Алонсо и Серхио Перез имаа лоши квалификации.
Тимскиот колега на Ферстапен заврши 11-ти, додека Алонсо ќе стартува деветти. За Макс ова е прва стартна позиција во Шпанија и утре ќе биде голем фаворит за остварување на нов триумф.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)