Ферстапен не почитувал тимска наредба во Мексико затоа што бркал бонус

max-verstappen

Макс Ферстапен победи на трката за ГН на Мексико од Формула 1 шампионот, профитирајќи најмногу од контактите кои се случија меѓу него, Себастијан Фетел и Луис Хамилтон.

Во голем дел од трката, холандскиот пилот немаше конкуренција на патеката, но и покрај тоа не ги послушал препораките на тимските инженери на Ред Бул да го намали темпото.

Болидите кои користеа мотори од Рено имаа големи проблеми во Мексико, па затоа и во Ред Бул стравувале дека непотребното форсирање на Ферстапен може да биде кобно за него, но возачот имал своја математика. Тој не сакал да ја послуша наредбата затоа што го бркал бонусот кој Ред Бул го доделува доколку нивен возач го извози најбрзиот круг на една трка.

– Точно е дека имаме специфичен систем за бонуси кој планирам да го тргнеме, – изјавил Кристијан Хорнер по трката, фактички потврдувајќи ја информацијата на медиумите.

Иако Ферстапен немаше проблеми и стигна до победата, на крајот остана и без бонус бидејќи најбрзиот круг беше извозен од Себастијан Фетел.

Facebook Коментари