Формула 1
Ферстапен не ги заврши квалификациите, Перез ја освои пол-позицијата во Џеда

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе почне на доста неочекуван начин, бидејќи при самиот врв нема да го гледаме Макс Ферстапен кој имаше голем проблем со својот болид и мораше да се откаже во претпоследната квалификациска сесија.
Поради недостаток на сила на неговиот Ред Бул, Макс беше приморан да се повлече во боксот и да се откаже од квалификациите во ситуација кога беше главен фаворит за првото место, па така утре ќе стартува од 15-то место во Џеда.
Во такви услови, Серхио Перез потврди дека Ред Бул е класа за себе и ја освои пол-позицијата, додека второ најдобро време оваа сабота имаше Шарл Леклер.
Сепак, поради казната од 10 места, возачот на Ферари утре ќе стартува од 12-то место, што значи дека Фернандо Алонсо ќе стартува од првиот ред до Перез.
Искусниот Шпанец имаше трето најдобро време, но поради казната на Леклер ќе стартува втор и ќе има шанса за напад на стартот на утрешната трка. Во топ 10 се најдоа уште Расел, Саинц, Строл, Окон, Хамилтон, Пиастри и Гасли.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)