Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен не дозволи изненадување и во квалификациите за главната трка во Австрија

Објавено

на

foto:twitter.com/Max33Verstappen

Макс Ферстапен извозе одлично во квалификациите и продолжи онаму каде што застана на спринт трката во Австрија, обезбедувајќи си нова пол-позиција во Формула 1 шампионатот.

Откако најпрвин победи во спринтот, неколку часа подоцна возачот на Ред Бул стигна до најдобро време и во квалификациите за главната трка, па утре ќе има предност на стартот во однос на своите ривали.

Времето на Ферстапен беше недостижно за останатите болиди, а од првиот ред ќе стартува Ландо Норис чиј Мекларен дојде најблиску до постигнувањето на актуелниот светски шампион во Ф1.

Џорџ Расел од Мерцедес и Карлос Саинц од Ферари го комплетираа вториот ред за утрешната трка, додека до десеттото место ќе стартуваат Хамилтон, Леклер, Пјастри, Перез, Хулкенберг и Окон.

Најголемо разочарување во Австрија доживеа Фернандо Алонсо кој не влезе во третата квалификациска сесија и ќе ја започне трката од петнаесеттата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни