Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен најбрз на спринтот во Австрија (ВИДЕО)

Објавено

на

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен обезбеди победа на денешната спринт трка за Големата награда за Австрија.

Холанѓанецот беше најбрз на денешните квалификации што значи дека утре ќе ја има пол позицијата на „Ред Бул Ринг“. Актуелниот Ф1 шампион водеше од почетокот до крајот и досема заслужно дојде до првото место кое воедно му овозможи да додаде осум поени на своето конто во генералниот пласман на шампионатот.

Зад него заврши двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц по што следуваа Расел, Перез, Окон, Магнусен и Хамилтон кој беше последен возач што освои бодови во оваа спринт трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни