Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен му одговори на Хамилтон и предвиде колку би бил побрз од светскиот првак во болидот на Мерцедес

Објавено

на

Трката за Големата награда на Азербејџан беше навистина необична и малерозна за двајцата најголеми фаворити, бидејќи во последните два круга, видовме откажување на Макс Ферстапен, а потоа и излетување на Луис Хамилтон кој ги прегреа своите сопирачки при рестартот.

Во моменти кога се чинеше дека Макс е губитник на викендот и дека светскиот шампион ќе се избори за солидна предност во генералниот пласман, Британецот доживеа голем шок при рестартот, по што комплетираше два катастрофални Ф1 викенди едно по друго. Хамилтон нагласи дека не смее да им се повтори викенд како оној во Монако, но интересно, последниот во Баку беше уште полош, а единствено добра вест беше што претходно имаше откажување од Макс.

Хамилтон во дел од своите интервјуа по трката нагласи дека е многу разочаран што го изневерил тимот, но посочи и дека болидот на Ред Бул е подобар од оној на Мерцедес во овој момент, со што побара реакција од одговорните луѓе во тимот.

Сепак, оваа негова изјава изнуди одоговор од страна на возачот на Ред Бул, кој вели дека тој би бил две десетинки побрз од својот ривал за титулата доколку го има болидот на Мерцедес.

– И јас ќе ја дадев истата изјава ако бев на негово место. Ако јас бев во неговиот болид, ќе бев две десетинки побрз од него. Не ми е грижа за неговите изјави, – порача Ферстапен за „Моторспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни