Формула 1
Ферстапен му ја „украде“ пол-позицијата на Алонсо во Монако

Макс Ферстапен ќе стартува прв на трката за Големата награда на Монако, откако денеска во самата завршница успеа да му ја „украде“ пол-позицијата на шпанскиот ветеран, Фернандо Алонсо.
Во моментите кога се чинеше дека возачот на Астон Мартин ќе направи нов супер резултат и ќе има добра шанса да стигне до прва победа сезонава, актуелниот шампион извозе брутално добар круг во последниот обид и за 84 илјадити дел имаше подобро време од Алонсо, па така Макс стигна до третата пол-позиција на шестата трка од стартот на годината.
За уличната трка во Монте Карло, еден од главните фаворити за највисок пласман беше и Серхио Перез кој е специјалист за вакви патеки, но денеска направи голема грешка и го уништи својот болид уште во воведот од квалификациите.
Поради тоа, Мексиканецот ќе стартува од задниот дел од опашката и ќе има навистина тешка трка утре попладне, па тоа ќе биде добра прилика за Макс да направи нова разлика во генералниот пласман.
Покрај Макс и Алонсо, во првите 10 се најдоа Леклер, Окон, Саинц, Хамилтон, Гасли, Расел, Цунода и Норис.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)