Ферстапен со маестрална одбрана го спречи Хамилтон да ја слави титулата уште во САД (Видео)

maks-hamilton

Кими Раиконен сосема заслужено славеше на трката за Големата награда на САД, но сепак, оној кој го спречи Луис Хамилтон да се радува на новата шампионска титула уште во Остин беше Макс Ферстапен.

Младиот Ферстапен често влегува во контроверзни судири и допири со своето преагресивно возење, но овојпат покажа дека може да биде и крајно елегантен, па така со маестрална одбрана успеа да ги одбие налетите на Хамилтон во самата завршница на трката.

Со самото тоа, Макс се избори за второто место во ситуација кога стартуваше дури 18-ти, но исто така и го спречи Британецот да се израдува на својата петта титула во Формула 1, нешто за што ќе треба да се потруди на трката во Мексико.

Facebook Коментари