Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ќе лета од првата позиција во Канада, Алонсо најголемо изненадување (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен беше најбрз на денешните квалификации на стазата „Жак Вилнев“ во Монтреал.

Возачот на Ред Бул ја потврди добрата форма и ќе стартува од првиот ред на утрешната трка за Големата награда на Канада. Холанѓанецот оствари време од 1:22.299, резулат кој во овозможи втор триумф во квалификациите во оваа сезона.

Најпријатно изненадување беше ветеранот Фернандо Алонсо кој покажа класа и во финишот се избори за втората позиција или поточно од истата го истурка Карлос Саинц кој утре ќе стартува од третото место.

Најголемо разочарување се Серхио Перез и Шарл Леклер, првиот излета во квалификациите и утре ќе тргне од 13. место, додека асот на Ферари ќе стартува како последен поради промени на погонската единица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни