Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ја „намали штетата“ во доминантната победа на Хамилтон, Алонсо се врати на подиумот после седум години!

Објавено

на

Луис Хамилтон извозе нова доминатна трка во Формула 1, па со втората победа во низа во шампионатот, значително ја разгорува битката за шампионската титула во пресрет на двете последни трки во сезоната.

Британецот имаше можност да му побегне на Макс Ферстапен уште на самиот старт откако Холанѓанецот беше казнет со пет места непосредно пред трката, па дефинитивно добра вест за актуелниот лидер во генералниот пласман е тоа што успеа да ја „намали штетата“ до крајот.

Хамилтон извозе доминатно и Мерцедес само ја копираше тактиката на Ред Бул со влегувањата во боксот, додека Ферстапен брзо напредуваше од седмото до второто место и на крајот заработи дополнителен бод со најбрзо извозениот круг.

Тоа значи дека во еден непријатен викенд за него, успеа да загуби шест бода и го намали ударот, па останува со осум бода предност пред Хамилтон пред последните трки во Саудиска Арабија и Абу Даби.

Покрај водечкиот двоец, за издвојување е и импресивното возење на ветеранот Фернандо Алонсо, кој за првпат се враќа на подиумот во Формула 1 по пауза од цели седум години, или поточно по сезоната во 2014-та година. Чеко Перез на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, а во бодовите влегоа и Окон, Строл, Саинц, Леклер, Норис и Фетел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни